Home Вебкафе Кај нас ќе се „продадеа“ за една нова куќа – овие не можат да ги купат ни со 50 милиони долари

Кај нас ќе се „продадеа“ за една нова куќа – овие не можат да ги купат ни со 50 милиони долари

Да се правеше муабет за австралискиото семејство Замит пред само пет години, веројатно немаше да има ништо возбудливо и драматично да се каже за нив. Но, денес, тие интересна и несекојдневна приказна поради нивниот имот и нивниот семеен став во однос на градежните понуди кои ги добиваат поради градежната експанзија во Сиднеј.

Замит е австралиско семејство со имот и куќа во Сиднеј кое одби своето земјиште да им го продаде на градежници кои масовно ја изградиле целата околина и покрај милионските понуди што ги добива.

На снимка од дел од предградието Квејкерс хил се гледа еден голем зелен плац сред бескрајните редови новоизградени речиси идентични куќи. Имотот е во сопственост на семејството Замит кое одбива да го продаде без разлика милиони австралиски долари што се понудени за плацот.

Пред градежната експанзија

Се работи за плац од 2 хектари (20.000 м2) на кој агентите проценуваат дека би можеле да се изградат меѓу 40 и 50 куќи, а секој блок за куќа од по 300 м2 веројатно би се продал за милион долари.

После градежната експанзија

Членовите на семејството Замит објаснуваат дека до пред наездата на инвеститори и градежници целата област била земјоделско земјиште со спорадично по некоја куќа.

Причината зошто не продаваат е затоа што не сакаат да се стискаат и им се допаѓа ширината што ја имаат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…