Пендиков и официјално стана Бугарин – му ги дадоа документите со сите државни почести (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со интонирање на бугарската химна и на свечена церемонија, бугарската потпретседателка Илијана Јотова му ги врачи бугарските лични документи на охриѓанецот Христијан Пендиков. Таа го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

„Голема чест ми е да ви го предадам указот со кој Бугарија ви дава државјанство. Од денеска ќе ги имате правата и обврските кои ги има секој граѓанин во нашата држава. Горда сум што можам да врачам бугарски лични документи на млад, храбар човек кој и покрај насилството и заканите остана доследен на своето потекло“, рече Јотова за време на церемонијата.

Христијан Пендиков, пак, заблагодарувајќи се на бугарски јазик, се пожали дека во Македонија Бугарите како него трпат притисоци од македонските власти.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, на претседателот Радев, на потпретседателката Јотова и на сите во полицијата кои се грижат за мојата безбедност. Особено до доктор Милен Врабевски кој ми помага. Да потсетам дека во Македонија има се уште Бугари кои се борат за нашата кауза кои се во првите редови на борбата и тие треба да имаат поголема заштита отколку јас затоа што тие се таму, а јас сум во Бугарија. Трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков.

Христијан Пендиков, секретар на сега затворениот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, на 19 јануари годинава беше нападнат и претепан во родниот град.

По претепувањето, тој со авион испратен од бугарските власти беше пренесен на операција на ВМА во Софија – со скршена вилица и повреди на ребрата и градниот кош.

Против него се води предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.