Home Актуелно Дијаз-Канел доби нов петгодишен претседателски мандат во Куба

Дијаз-Канел доби нов петгодишен претседателски мандат во Куба

Досегашниот претседател на Куба, 63-годишниот Мигел Дијаз-Канел, доби нов петгодишен мандат како прв човек на земјата.

Поддршка за Дијаз-Канел, кандидатот на тамошната Комунистичка партија, изрази кубанското национално собрание.

Дијаз-Канел сега очекува да продолжи со тешката работа во земјата која минува низ веројатно најтешката економска криза во изминатите триесет години, со галопирачка инфлација и растечки бран на емиграција.

На сето тоа влијаеше заострувањето на американското ембарго, но и пандемијата и структурната слабост на домашната економија.

Незадоволството на локалното население е поттикнато од се поголемиот недостиг од храна, лекови и многу други основни животни потреби.

Дијаз-Канел ги наследи Фидел и Раул Кастро на чело на Куба и со тоа, по револуцијата, стана првиот лидер на оваа карипска земја надвор од кругот на семејството Кастро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…