Home Вебкафе Србин со моторка упадна во ноќен клуб (снимка)

Србин со моторка упадна во ноќен клуб (снимка)

На снимката која се споделува на социјалните мрежи се гледа како маж со моторна пила упаѓа во ноќен клуб.

Како што пренесуваат српските медиуми, инцидентот се случил во ноќен клуб во Крагуевац.

На снимката се гледа како човек ја стартува моторната пила, а луѓето се оддалечуваат од него. Обезбедувањето на крајот го совлада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Од полицијата во Крагуевац се огласија за случајот.

„Уапсен е Н.З.(54) од Крагуевац, поради сомнение дека на 10 април околу полноќ влегол во ресторан во тој град и со моторна пила им се заканил на членови на музички бенд“, соопшти полицијата.

Тој е осомничен за сторено кривично дело насилничко однесување.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство Крагуевац.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…