Home Актуелно Бојкот на работата на железницата – машинскиот и извршниот персонал протестираат

Бојкот на работата на железницата – машинскиот и извршниот персонал протестираат

Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ од денеска напладне почна бојкот, главно поради неисплатата на вториот дел од февруарската плата, но и неисплатената ноќна работа за кондуктерите.

Освен исплата на платите, вработените во „Железници“ бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, но и вработување на 40 машиновозачи – барање кое, како што велат, во февруари годинава го испратиле до Владата и до Министерството за транспорт и врски.

„Бојкотот ќе трае се до исполнување на нашите барања. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања“,

изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“.
Димовски вели дека засега вработените не добиле најава за средба со раководството на „Железници“.

Поради бојкотот на железничарите, возот кој од 14:30 часот требаше од Скопје да појде за Битола – не тргна на редовната рута.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…