Home Шоубизнис Ноле скришно му даде 100 евра на едно дете додека се сликаа со него (снимка)

Ноле скришно му даде 100 евра на едно дете додека се сликаа со него (снимка)

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој кошаркарите на Ѕвезда го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.

Пред стартот на средбата околу Новак имаше гужва за сликање во која тенисерот скришно му подава пари на едно дете.

Српските медиуми пишуваат дека додека малиот заедно со другарите одел на кошарка, ја нашол надвор платежната картица на Ѓоковиќ, а обезбедувањето дозволило да му пријдат на тенисерот за да му ја вратат.

Новак го почести со 100 евра, а на видеото се слуша и како им се заблагодарува за гестот.

Го снимија и како реагира на скандирањето на навивачите Косово – Србија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …