Детали за убиството кое се случи во казиното во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Осомничениот и убиениот во казиното во непосредна близина на Млечниот ресторан во Скопје дошле заедно, играле на апаратите, а потоа почнале да се расправаат, пренесува 360 степени.

Ова се дел од деталите што ги соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое направи увид на местото на убиството.

Жртвата, според првичните информации, е на возраст од 46 години. Убиениот, кој бил во алкохолизирана состојба, осомничениот и уште две други лица пристигнале во казиното. Откако се скарале, осомничениот прво пукал неколкупати кон починатиот, а потоа и го удирал во глава со кундакот од пиштолот.

„Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќепати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на самото место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството“, велат од ОЈО Скопје.

По наредба на обвинителот, телото на убиениот е дадено на обдукција, а ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од местото на настанот и ќе се разговара со сведоците. Обезбедени се и снимки од видеонадзорот.

МВР за случајот претходно извести дека починатиот е од Арачиново.