Home Актуелно Лукашенко сака да разговара со Путин „за да ѝ покажат каде ѝ е местото на хиената на Европа“

Лукашенко сака да разговара со Путин „за да ѝ покажат каде ѝ е местото на хиената на Европа“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко најави дека планира да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за тоа како на Полска „да ѝ покажат каде ѝ е местото“, откако од Варшава стигнаа изјави за спремност да учествуваат во конфликтот во Украина.

Лукашенко полскиот амбасадор во Франција Јан Емерик Рошчишевски, кој во интервју за француска телевизија кажа дека во случај на пораз на Киев Варшава ќе мора да влезе во конфликтот, го нарече луд.

„Тресна: Ќе се бориме против Русија. Сметајте дека од нас (Белорусија) ќе почнат. Што треба ние да правиме? Првото прашање за кое ќе разговараме со Путин е како да им покажеме каде им е местото“, истакна Лукашенко.

Зборувајќи за позицијата на Полска, која уште еднаш ја нарече „хиената на Европа“, Лукашенко истакна дека Варшава во моментов не е во позиција да води самостојна политика. „Таму се вселија Американците, нема ни суверенитет ни независност. Што и да кажат Американците, тие го прават“, оцени белорускиот лидер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…