Home Актуелно Најмалку седум мртви лица во пукање во центар на Јеховини сведоци во Хамбург (снимка)

Најмалку седум мртви лица во пукање во центар на Јеховини сведоци во Хамбург (снимка)

Најмалку седум лица се убиени, а повеќе се ранети во пукање во германскиот град Хамбург, јавува германски Билд. Пукањето се случило во центар на Јеховини сведоци.

Хамбуршката полиција јави дека во тек е операција од голем размер во областа Алстердорф.

Од жителите кои живеат во близина е побарано да не ги напуштаат своите домови поради акцијата која е во тек, јавува Дојче веле.

„Веднаш побарајте засолниште во зграда. Користете телефон само во екстремно итни случаи за да нема застој во телефонските линии“, апелира полицијата.

Според Билд, извршителот или извршителите избегале.

Медиумите пренесуваат дека се повредени најмалку осум лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…