Гигантот Фолксваген се откажува од Источна Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според тврдењата кои ги изнесува Фајненшал тајмс, германскиот автомобилски гигант Фолксваген ги сопрел своите планови за производство во Источна Европа и ѝ дал предност на изградбата на фабрика во Северна Америка.

Компанијата очекува за проектот во Северна Америка да добие субвенции од девет до десет милијарди евра.

Меѓутоа, Фолксваген го чека европскиот одговор на американскиот закон за намалување на инфлацијата (ИРА) вреден 369 милијарди долари пред да продолжи со плановите во регионот, наведува ФТ повикувајќи се на неименувани извори.

Минатата недела, членот на управата на Фолксваген Томас Шмал предупреди дека Европа е во опасност да ја „изгуби трката за милијарди евра инвестиции за кои (компаниите) ќе одлучат во следните месеци и години“, поради атрактивните услови на законот на американската влада.

Под раководство на извршниот директор Херверт Дис, Фолксваген во март 2021 најави дека ќе изгради шест гигафабрики во Европа. Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се натпреваруваа за погонот чие отворање беше планирано за 2027 година.

Од компанијата во октомври минатата година изјавија дека одлуката за локацијата ќе ја донесат кон средината на оваа година.