Home Актуелно Доживотни затворски казни за момчињата кои до смрт го претепаа студентот Фернандо Баез – еден се онесвести при изрекување на пресудата (снимка)

Доживотни затворски казни за момчињата кои до смрт го претепаа студентот Фернандо Баез – еден се онесвести при изрекување на пресудата (снимка)

Судскиот процес во Аргентина за морбидниот случај во кој осуммина млади момци, рагбисти, до смрт го претепаа студентот Фернандо Баез Соса (18), доби завршница со судска пресуда, а веста ја пренесоа повеќе светски медиуми.

Настанот се случи во јануари 2020 година, кога осум момчиња на возраст од 21 до 23 години првин вербално го нападнале студентот во ноќен клуб, а потоа надвор од клубот започнале да го тепаат. Додека лежел на земја, тие продолжувале да го клоцаат и не им дозволувале на минувачите да му се приближат и да му помогнат. Обвинителството барало казна доживотен затвор за сите осуммина напаѓачи, но сепак само пет од нив биле осудени доживотно, додека пак останатите тројца добиле затворски казни од по 15 години.

Случајот привлече големо медиумско внимание, а снимка од читањето на пресудите се прошири и на социјалните мрежи. На неа се гледа како еден од осудените се онесвести кога ја слушна пресудата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…