Home Вебкафе „Тенисерката“ е најпознатата разголена фотка во историјата на тенисот, а девојката на сликата не заработила ни скршена пара од истата

„Тенисерката“ е најпознатата разголена фотка во историјата на тенисот, а девојката на сликата не заработила ни скршена пара од истата

„Тенисерката“ (Tennis Girl) е фотографија која во септември, 1976 година, ја направи тогаш амбициозниот млад фотограф Мартин Елиот, а на кој му позира неговата тогашна девојка Фиона Батлер (денеска Вокер).

Фиона тогаш имала 18 години и позираше на идеја од нејзиното момче, Мартин, а ниту тој ниту таа не ни помислуваа дека оваа фотографија ќе стекне култен статус. Нејзиното фустанче кое го носи на фотката денес се наоѓа во музејот на Вимблдон.

Интересно е што Мартин од фотката заработил 250.000 фунти, но авторските права ги задржал само за себе, па кога истата станала мега-популарна и била печатена на голем број постери и календари и користена во други маркетиншки цели, убавицата од сликата, Фиона, не заработила ниту фунта од тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…