Home Живот и здравје Итна седница на СЗО поради појавата на исклучително заразниот и смртоносен вирус Марбург

Итна седница на СЗО поради појавата на исклучително заразниот и смртоносен вирус Марбург

Светска здравствена организација (СЗО) денеска одржа итна седница поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја од што починаа девет луѓе, а пријавени се 16 сомнителни случаи.

Вирусот Марбург е многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, со симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја. Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.

Во Екваторијална Гвинеја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на вирусот Марбург. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.

За денеска беше закажана и средба на претставници на СЗО и на конзорциумот Марвак, на кој ќе се промовира меѓународната соработка за развој на вакцини против вирусот Марбург.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто маслинките треба да ти станат најдобар сојузник во перименопаузата?

Кој би помислил дека црните маслинки, често занемарени, можат да бидат вистинска суперхран…