Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, 13. февруари, времето во Македонија наутро ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје наутро со умерена облачност, во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а дневната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени. Маврово 2, Охрид, Битола и Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 9, Дојран 12.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…