Home Актуелно 151 година од раѓањето на македонскиот деец, идеолог и револуционер Гоце Делчев

151 година од раѓањето на македонскиот деец, идеолог и револуционер Гоце Делчев

На денешен ден, 4. февруари, 1872 година, во семејството на Султана и Никола, во Кукуш е роден еден од најголемите македонски дејци, Гоце Делчев, визионер, кој скоро пред век и половина го опиша светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

Тој е учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Се борел за самостојна македонска држава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…