Home Шоубизнис Дали Бен Афлек се правдаше пред Џенифер Лопез дека не пиел алкохол? (снимка)

Дали Бен Афлек се правдаше пред Џенифер Лопез дека не пиел алкохол? (снимка)

Славниот холивудски пар Бен Афлек и Џенифер Лопез пред некое време беа гости на забавата по повод премиерата на новиот филм на Џеј Ло, „Shotgun Wedding“, а видеото од неговото правдање пред сопругата дека ништо не пиел стана хит на ТикТок.

Видеото кое е погледнато 5 милиони пати го прикажува Бен како ѝ гестикулира со раката на Џеј Ло, покажувајќи ѝ дека ништо не пиел, додека пејачката му упатува строг поглед.

@life_with_matt #duet with @alliworkscarpets #benaffleck ♬ original sound – Alli Works Carpets

„Џен, ништо не пиев, добро?“, се пошегувал Тиктокерот кој го објавил видеото, а кое има повеќе од 180.000 лајкови.

„Проблеми во рајот“, „Можеби Џен пие од неговата чаша за да провери дали има алкохол во пијалакот“, „Бен изгледа навистина преплашено“, се дел од коментарите под снимката.

За потсетување, славниот актер во минатото се лекуваше од алкохолизам, а кога го допре дното, неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер го одведе на рехабилитација. Уште од минатото лето се зборува дека тогаш новопечениот пар има проблеми поради неговата зависност, но ваквите шпекулации не беа потврдени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…