Home Шоубизнис TMZ тврди: Канје Вест тајно се венчал со неговата мистериозна девојка – типката многу личи на Ким Кардашијан

TMZ тврди: Канје Вест тајно се венчал со неговата мистериозна девојка – типката многу личи на Ким Кардашијан

Според наводите кои ги пренесе таблоидот TMZ, раперот Канје Вест конечно ја преболе поранешната сопруга Ким Кардашијан, со која официјално се разведе пред два месеци.

Според споменатиот медиум, Вест се венчал со мистериозната русокоса Бјанка Ценсори, која со години работела како дизајнер во „Јизи“, брендот на раперот.

TMZ пишува дека Вест и Ценсори се венчале на приватна свадбена церемонија, но дека, наводно, не доставиле венчален лист и дека нивното венчавање не е легално.

Но, тоа не го спречило раперот да ја третира својата нова избраничка како своја сакана сопруга. Имено, Вест вчера (12 јануари 2023) бил забележан на ручек со Ценсори во Лос Анџелес, а на својата рака носел венчален прстен, со кој ѝ покажал на јавноста дека повеќе не е сингл.

Како потсетување, Канје Вест и Ким Кардашијан почнаа да се состануваат во 2012 година, а стапија во брак во 2014 година, на бајковита свадбена церемонија во Фиренца, Италија.

За време на својот шестгодишен брак, тие станаа родители на деветгодишната Норт Вест, седумгодишниот Сент, петгодишната Чикаго и тригодишниот Псалм.

На почетокот од 2021 година, парот објави дека ќе се раздели, а разводот го финализираа во ноември 2022 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…