Распишана централна потерница по затвореникот кој изведе филмско бегство од транспортното затворско комбе и рани еден полицаец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ноќеска, кај 23:20 часот, за време на спроводот на 36-годишниот осуденик Беким Мемемти од КПУ „Идризово“ во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда во пределот на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното затворско возило било пресретнато од возило марка „Ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „Ауди”.

Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

Издадена е наредба за распишување на централна потерница. Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница.

Осуденото лице Беким Мемети од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година.