Home Актуелно Претпладне магла, преку ден сончево време

Претпладне магла, преку ден сончево време

Претпладнето од последниот ден во 2022 година по одделни котлини и вдолж Повардарието носи појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…