Home Актуелно Сончев и топол последен декемвриски понеделник

Сончев и топол последен декемвриски понеделник

Последниот понеделник во 2022 година во Македонија претпладне по одделни котлини носи појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и дневан температура од 11 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид, Битола, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 14, Дојран 16.

И утре наутро по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со умерена облачност.

Дневните температури ќе се движат од 19 до 16 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…