Грчкиот министер Дендијас одби да се фотографира пред табла на која пишуваше „Република Косово“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, за време на неговата посета на Приштина, вчера одби да одржи прес-конференција и да се фотографира пред табла со натпис „Република Косово“. Дендијас се сретна со косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала Шварц.

Прес-конференцијата во Приштина поради тоа беше одржана на друга страна на салата, каде немало ознака „Република Косово“, туку само знамиња на Грција и Косово. Шефот на грчката дипломатија не сакал да се фотографира ни на влезот во зградата на министерството за надворешни работи на привремените приштински институции, бидејќи и таму имало натпис „Република Косово“, јавува српски Телеграф.

Дендијас на прес-конференцијата ја истакна важноста на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина и повика двете страни да имплементираат сè што е досега договорено. Инаку Дендијас вчера одржа состанок и со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

По средбата со грчкиот колега, Дачиќ кажа дека го информирал Дендијас со ситуацијата на Косово и фактот дека албанската страна не го почитува Бриселскиот договор. „Интересот на Србија е да го зачува мирот во регионот и да ги спречи сите можни инциденти, да биде фактор на мирот и стабилноста во регионот“, кажа српскиот министер за надворешни работи.