Home Актуелно Викенд прогноза за крајот на оваа седмица

Викенд прогноза за крајот на оваа седмица

Денеска, недела, 3. ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…