Home Актуелно Од полноќ дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Од полноќ дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за денар и пол до два денари за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, малопродажната цена на еуросупер 95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека еуросупер 98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за 96,5 денари.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за половина денар и ќе изнесува 98,5 денари за литар.

Малопродажната цена, пак, на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) денеска не се менува и останува 93 денари за литар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…