Home Актуелно Шест месеци условно за Ламбе Алабакоски за подметнатниот пожар во бугарскиот културен центар

Шест месеци условно за Ламбе Алабакоски за подметнатниот пожар во бугарскиот културен центар

Ламбе Алабакоски доби условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Информацијата ја потврди неговиот адвокат. Судот ја донел одлуката минатата недела а од денеска пресудата е правосилна.

Настанот се случи во јуни годинава, алабаковски потоа за време на истрагата го призна делото а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

По подметнувањето на пожарот , Алабакоски беше притворен а неколку дена подоцна беше пуштен во домашен притвор и му беше овозможено да се брани од слобода. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …