Home Актуелно Беким Сали за „Фокус“ изјави дека не планира повлекување од министерската функција во здравството

Беким Сали за „Фокус“ изјави дека не планира повлекување од министерската функција во здравството

Министер за здравство Беким Сали во изјава за „Фокус“ објасни дека не се повлекува од министерската позиција, ниту пак доаѓа некој нов кадар од СДСМ.

„Ниту сум планирал, а ниту има такво нешто дека ќе се повлечам од позицијата. Баш сега во септември имаме бројни проекти, кои ни е планирани да ги реализираме. Тука е и Клиничкиот центар.

Ама, очигледно не се согласуваат со некои работи, па се трудат да ми ја дескредитираат работата“, изјавил Сали во изјава за „Фокус“.

Тој дојде на оваа позиција пред неколку месеци на местото на поранешниот прв човек Венко Филипче, кој дури пет години управуваше со ресорното министерство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…