Сообраќајка на патот Охрид-Битола, тешко повреден е мотоциклист


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера на магистралниот пат Охрид-Битола на влезот за селото Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(67) од Охрид, и мотоцикл ‘кавасаки’ со битолски регистарски ознаки, управуван од К.О.(31) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила С.Д.(22) од Битола констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.