Првите жртви на монструмот Бориловиќ – медицинската сестра Наташа и нејзините две деца…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во поновата историја на Црна Гора, неколку пати биле извршени масовни убиства во кои биле убиени цели семејства, но никогаш како вчера во Цетиње.

Во вчерашната престрелката загинаа вкупно 11 лица, меѓу кои две деца, а шест лица се повредени, потврдија во Управата на полицијата, јавува РТЦГ.

Според денешните извештаи во медиумите, до престрелката во Црна Гора стигнало кога вчера околу 16 часот, во близина на Владата, триесет и четири годишниот Вук Бориловиќ од Цетиње по кратка расправија со неговиот вујко започнал да пука од огнено оружје. По престрелката во која тој смртно рани неколку лица, Бориловиќ по некое време беше убиен од негов сограѓанин, соопшти надлежниот обвинител на Вишото државно обвинителство од Подгорица.

Претходно медиумите објавија дека Бориловиќ пак бил убиен од полицијата. Во престрелката исто така беше ранет и еден полицаец кој е погоден во главата.

Се дознава дека на трагедијата и претходел семеен конфликт. Социјалните мрежи пак тврдат дека се работи за прељуба, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Убиени се мештани, и деца кои живееле во непосредна близина на домот на сега починатиот Бориловиќ.

Во болницата во Цетиње медиумите информираат дека се уште се хоспитализирани две лица, додека четворица повредени од вчерашната пукотница се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Денеска беше соопштен идентитетот на жртвите во вчерашниот масакр. Најстарата жртва имала 81 година, додека најмладата имала само 8 години.

Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М. (8).

Според првичните податоци на истрагата, вчера во 15.30 часот, пореметениот Бориловиќ дошол на катот од куќата во која живееле Мартиновиќи како станари. Дома биле само децата и нивната мајка. Сопругот на Наташа и татко на децата во тој момент не бил дома. Наводно, до расправијата дошла за киријата – како и што точно, никој не знае, објави Курир.

Избезумен, Бориловиќ земал оружје и пукал – прво во децата, кои се обиделе да се сокријат зад вратата, а потоа и кон Наташа. Децата починале на лице место, а несреќната жена им подлегнала на повредите во болница.

Жителите на Цетиње на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографии од убиеното семејство.

Како што пишуваат црногорските медиуми, тогаш Бориловиќ телефонски му се јавила на нејзиниот сопруг Милош и му рекол: „Ги убив твоето семејство и моето семејство“, а потоа отишол во својот крвав поход.