Home Актуелно Амбасадата на САД до Русковска: „Ова е прашање кое треба да го решат надлежните органи“

Амбасадата на САД до Русковска: „Ова е прашање кое треба да го решат надлежните органи“

Американската амбасада е вложена во унапредување на владеењето на правото во Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во Македонија доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации.

„Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат,“ се наведува во одговорот на Амбасадата на САД.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот”.

Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

„Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта,“ нагласува Русковска во реакцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…