Home Актуелно „Амнести Интернешнал“ ја обвинува Украина за кршење на меѓународното право и загрозување на цивили

„Амнести Интернешнал“ ја обвинува Украина за кршење на меѓународното право и загрозување на цивили

Со поставување бази во станбени области, вклучувајќи училишта и болници, воените сили на Украинаго прекршуваат меѓународното право и ги загрозуваат цивилите , соопшти организацијата за човекови права Амнести Интернешнал.

„Тактиката на украинските бранители на ниту еден начин не ги оправдува неселективните напади на Русија, поради тоа што дека некои руски воени злосторства, вклучително и оние во Харков, не беа поврзани со овие тактики“, се наведува во извештајот на организацијата, цитиран од Гардијан.

Амнести ги наведе инцидентите во кои украинските сили ги загрозиле цивилите во 19 градови и села во регионите Харков, Донбас и Миколаев.

„Документиравме шема во која украинските сили ги ставаат цивилите во ризик и ги прекршуваат законите на војната оперирајќи во населени области. Дејствувањето од одбранбена положба не ја ослободува украинската војска од почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече Агнес Каламар, генерална секретарка на организацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…