Пелоси пристигна на Тајван и покрај противењето на Кина за таа посета (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателката на Претставничкиот конгрес на американскиот Конгрес, пристигна во Тајпеј, Тајван, и покрај противењето на Кина.

Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, пристигна на Тајван, станувајќи највисокиот американски функционер кој го посетил островот во последните 25 години. Водечката американска демократка допатува на Тајван во рамките на својата азиска турнеја, и покрај предупредувањата од Кина дека САД ќе платат висока цена ако посетата се реализира.

Белата куќа претходно објави дека не ја одобрила посетата, но и дека нема да ја спречи, уверувајќи го Пекинг дека таа во никој случај не би ја променила американската политика кон Тајван. Кина се закани со „решителни и строги мерки“, не прецизирајќи какви би можеле да бидат, при што шпекулациите одеа од воени вежби до можни влегувања на кинески авиони и бродови во области под контрола на Тајван.

Пелоси и нејзината делегација беа пречекани на аеродромот во центарот на Тајван од министерот за надворешни работи Џозеф Ву и претставничката на САД на островот, Сандра Оудкирк. Таа повеќето средби ќе ги има утре.

„Посетата на делегацијата на нашиот Конгрес ѝ оддава почит на непоколебливата поддршка на Америка за демократијата на Тајван. Американската солидарност со 23 милиони жители на Тајван е поважна од кога било, додека светот се соочува со избор помеѓу автократија и демократија“, кажа Пелоси по слетувањето.

Посетата на Пелоси не беше официјално најавена однапред, иако беше очекувана.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји кажа дека американските политичари се играат со оган околу проблемот со Тајван.