Кси Џинпинг му порача на Бајден „да не си игра со оган оти ќе се изгори“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Кина, Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор да не си игра со оган околу Тајван.

Тој посочи дека Пекинг е загрижен поради можна посета на островот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Оние кои си играат со оган ќе изгорат“, му рекол Си на Бајден за време на петтиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери, кој траел повеќе од два часа, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Си изјавил дека Вашингтон треба да ја почитува политиката на една Кина и посочи дека Кина цврсто се противи на независноста на Тајван и странското мешање, пренесува Ројтерс.

Според неименуван висок функционер на администрацијата на Бајден, претседателите на САД и Кина исто така размислувале да се сретнат лично.

Бајден рече дека американската политика кон Тајван не е променета и дека Вашингтон силно се противи на едностраните напори за промена на статус кво или за поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец, соопшти претходно Белата куќа.

Двајцата лидери, исто така, разговараа за низа прашања важни за билатералните односи и други регионални и глобални прашања и ги задолжија своите тимови да продолжат да го следат денешниот разговор, особено во однос на климатските промени и здравствената безбедност, соопшти Белата куќа.