Петочна и викенд временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот јулски петок во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Маврово 28, Охрид 31, Битола 35, Крива Паланка 33, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во деновите од викендот во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер и ќе има мало опаѓање на температурата.