Home Вебкафе Најголем пронајден во последните 300 години

Најголем пронајден во последните 300 години

Анголските рудари ископале редок примерок на чист розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот од тој вид пронајден во последните 300 години, објави денеска австралискиот оператор на рудникот.

Розевиот дијамант од 170 карати, наречен Луло Роуз, е откриен во рудникот Луло во североисточниот дел на земјата богат со дијаманти и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, се вели во соопштението од инвеститорите на компанијата Lucapa Diamond.

„Историското“ откритие на дијамантот од типот IIa, еден од најретките и најчистите форми на природен камен, го поздрави владата на Ангола, која е и партнер во рудникот.

„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Лулу продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече министерот за минерални ресурси на Ангола, Дијамантино Азеведо.

Дијамантот ќе се продава на меѓународна аукција, веројатно по вртоглава цена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…