Home Актуелно Таче ја искара опозицијата дека била невоспитана

Таче ја искара опозицијата дека била невоспитана

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, денеска ја искритикува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека нема домашно воспитување.

Додека тој зборуваше од говорницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваа.

-Може да довикувате, да свирите со вувузели, да вришите, да палите. Јас сум овде по покана на претседателот на Собранието. Човек може да добие формално образование, но ако има дупка во домашно воспитание, тука не може да помогне ниту една образовна институција. Најлошо е кога такви луѓе примаат плата да воспитуваат нови генерации.

Треба да се срамите од вашето однесување во Собранието. За барањето за референдум, тоа е само за ваша внатрешна употреба. Политиката која ја водите на штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто, рече премиерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…