Home Актуелно Вашингтон тврди: Русија спрема анексија на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

Вашингтон тврди: Русија спрема анексија на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

Официјален Вашингтон предупредува дека Русија подготвува анексија на окупираните украински територии според примерот на Крим, планирајќи организирање на лажни референдуми најрано во септември. Повикувајќи се на разузнавачки извори, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби вели дека Русија веќе подготвува терен за анексија.

„Ова ќе ги опфати окупираните региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Сакаме тоа да му биде јасно на американскиот народ. Владимир Путин го подготвува сценариото од 2014“, кажа Кирби.

Русија го анектираше полуостровот Крим по референдумот што беше бојкотиран од поддржувачите на Киев, а меѓународната заедница го прогласи за нелегитимен.

„Москва веќе постави нелегитимни проруски функционери за да ги водат окупираните региони, со цел да се организираат референдуми за приклучување кон Русија. Ги разоткриваме руските планови за да знае светот дека секоја анексија е однапред смислена, незаконска и нелегитимна. Тие референдуми нема да бидат ни фер, ни слободни, а секое противење ќе биде потиснато“, изјави Кирби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…