Запален автомобилот од опозицискиот пратеник Петар Ристески од Прилеп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ноќеска во Прилеп било опожарено патничко возило сопственост на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од овој град Петар Ристески.

Возилото било паркирано до неговата семејна куќа, но за среќа таа не била зафатена од пожарот.

Возилото „шкода“ целосно е опожарено, а во пожарот било зафатено и уште едно возило во сопственост на семејството. Настанот е пријавен во полиција, а од СВР Битола го потврдуваат истиот.

Пожарот бил изгаснат со интервенција на пожарната. Полицијата извршила увид на местото на настанот.