Home Актуелно Овој е самоделскиот пиштол со кој беше застрелан Шинзо Абе – напаѓачот не се ни обиде да избега од местото на злосторот

Овој е самоделскиот пиштол со кој беше застрелан Шинзо Абе – напаѓачот не се ни обиде да избега од местото на злосторот

Бившиот премиер на Јапонија Шинзо Абе беше застрелан за време на политичкиот говор кој го држеше на улица околу 11:30 часот по локално време во Нара, источно од Осака.

Истрелани биле два куршума, а Абе имал прострелна рана на десната страна на вратот, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи на Министерството за внатрешни работи и комуникации во Токио. Во болница бил пренесен прво со возило на итна помош, а потоа со медицински хеликоптер.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тецуја Јамагами, жител на Нара во неговите 40-ти години. ТВ НХК објави дека мажот не се обидел да побегне и е задржан на распит во полициска станица. Се чини дека користел рачно изработен пиштол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…