Home Актуелно Спасовски тврди: МВР има информации дека за вечерашните протести се спремаат молотови коктели

Спасовски тврди: МВР има информации дека за вечерашните протести се спремаат молотови коктели

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека во МВР имаат информации дека одредена група за вечерашните најавени протести подготвува молотови коктели.

-Нападот на полициските службеници, на институциите тоа веќе не е демократија, туку вандализам и насилство. Сега бевме во посета на двајца колеги и се со посериозни повреди и 11 со потешки повреди, а на остатокот им е укажана лекарска помош и се упатени на домашно лекување. Сакам да изразам благодарност за храброста, за херојството на секој полициски службеник кој учествуваше во одбраната на редот и на мирот и безбедност на граѓаните. Беа на висината на задачата и тоа е нивната цел да го штитат мирот и безбедноста на секој еден наш граѓанин, рече Спасовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…