Home Актуелно Куќа на ужасот: Полицијата во село кај Лесковац откри тело на мртов маж забетонирано во подрумот

Куќа на ужасот: Полицијата во село кај Лесковац откри тело на мртов маж забетонирано во подрумот

Полициските служби во Лесковац, истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, откриле тело на маж забетонирано во ѕид во подрумот од куќата.

Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство.

Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала.

„Многу успешно ги излажа семејството и децата дека отишол да работи некаде во странство и дека ќе разговара со него. Откако, се самоубила, љубовникот отишол во полиција и признал се“,наведува за Нова.рс извор близок до истрагата.

Телото на 38-годишната жена вчера било пронајдено во помошен објект во дворот од нејзината куќа, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило пред неколку дена.

Наредена е и обдукција на нејзиното тело за да се утврдат причините за смртта, но сомневањата се дека извршила самоубиство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…