Home Актуелно Финската премиерка Сана Марин во прва посета на Македонија

Финската премиерка Сана Марин во прва посета на Македонија

Финската премиерка Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Македонија.

Премиерката Марин во Владата на Република Македонија ја пречека премиерот Ковачевски, кој со претседателката на Владата на Република Финска, согласно агендата, ќе имаат тет-а-тет средба.

Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…