Home Актуелно Штрајкот во Белгија поради зголемените животни трошоци го блокираше Брисел

Штрајкот во Белгија поради зголемените животни трошоци го блокираше Брисел

Штрајкот поради зголемените животни трошоци што се случува во Белгија го принуди бриселскиот аеродром денеска да ги откаже сите патнички летови, а автобуските линии се прекинати во дел од земјата.

Синдикатите соопштија дека очекуваат десетици илјади луѓе да протестираат во Брисел. Возовите сообраќаат, но делумно за да им овозможат на демонстрантите да се соберат во главниот град на Белгија.

Аеродромот во Брисел соопшти дека не може да дозволи полетување на патнички летови бидејќи штрајкуваат и припадниците на обезбедувањето. Локалниот јавен превоз обезбедува минимални услуги.

Инфлацијата во Белгија достигна девет проценти во јуни и е одраз на наглото зголемување на цените насекаде, главно поради тоа што руската инвазија на Украина го погоди снабдувањето со жито и предизвика зголемување на цените на енергијата.

Премиерот Александар Де Кро рече дека белгиските работници се подобро заштитени од работниците во повеќето други земји од Европската унија, бидејќи платите се индексирани според инфлацијата.

Де Кро изјави за јавниот радиодифузен сервис РТБФ дека владата ги продолжила мерките за намалување на даноците на продажбата на гас, електрична енергија и гориво до крајот на годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…