Home Актуелно Канал 5 открива детали од францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор

Канал 5 открива детали од францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор

Паралелно со Нацрт-заклучоците за Советот на ЕУ, француското претседателство до амбасадорите на земјите членки, денеска ја достави и Предлог-преговарачката рамка, во која како критериуми се вметнати повеќе бугарски барања.

Во акцискиот план кој треба да го спроведе Македонија, освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, се споменува и образованието.

Во точката 5 од преговарачката рамка посветена на Копенхашките критериуми, се споменува и постигнувањето опипливи резултати и спроведување во добар дух на двата билатерални договори со соседите – Преспанскиот со Грција и оној за добрососедство со Бугарија, а во овој контекст се наведени и протоколи за спроведување на договорот со Бугарија, со назнака дека нивното полно име ќе биде дополнително одредено, што наведува на заклучок дека до 23 јуни Софија и Скопје ќе треба да потпишат таков документ, односно Протокол за спроведување на договорот за четирите барања од Бугарија.

Во Предлог-преговарачката рамка, како дел од поглавјата 23 и 24, Македонија ќе треба да усвои акциски план посветен на заштита на правата на малцинствата и заедниците, чие исполнување редовно ќе се следи на Меѓувладините конференции. „вклучително и во делот на не-дискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, обезбедувањето ефективни мерки, механизми за пријавување и идентификување на одговорни институции за тоа. – стои во точката 35″

Во самата преговарачка рамка, во точката 4 каде се наведуваат обврските на Македонија да ги почитува вредностите на ЕУ, освен „традиционалните“ барања за напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата и основните права, француското претседателство ги додава и „анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза“.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…