Home Шоубизнис Ламбе пуштен да се брани од слобода – како мерка за претпазливост одземен му е пасошот

Ламбе пуштен да се брани од слобода – како мерка за претпазливост одземен му е пасошот

Пејачот Ламбе Алабаковски е пуштен од домашен притвор и ќе се брани од слобода за палењето на влезот на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, потврди неговиот адвокат Дарко Стефановски.

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел одлука како мерка на претпазливост на Алабаковски да му биде одземена патната исправа.

На Алабаковски му се става на товар делото предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години. Според полицијата, пејачот признал дека тој го подметнал пожарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …