Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска претпладне времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Дневните температури во Скопје ќе достигнат 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 31, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 34.

Утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…