Home Актуелно Руските сили истовремено нападнаа 40 града во Донбас

Руските сили истовремено нападнаа 40 града во Донбас

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските воени сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.

„Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети“, соопштија украинските вооружени сили на „Фејсбук“.

Во соопштението на армијата се наведува дека биле одбиени десет напади на руската армија, а уништени се четири тенкови и четири дронови. Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.

Во објавата не се прецизира кога се случиле нападите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…