Home Актуелно Многу топол четврток

Многу топол четврток

Денеска, четврток, 26. мај, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид, Крива Паланка и Берово 30, Битола 32, Кавадарци 34, Дојран 35.

И утре ќе имаме сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 26 до 34 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…