Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денешниот мајски вторник во Македонија претпладне носи сончево и доста топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло претпладне, а од пладневните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи топло време со максимални температури малку над просекот за овој период од годината, но во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме, како и со услови за појава на град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…