Home Шоубизнис Кардашијанки нема да можат да си купат Ферари – автомобилскиот гигант ги стави на црната листа

Кардашијанки нема да можат да си купат Ферари – автомобилскиот гигант ги стави на црната листа

Приватна компанија може да избере со кого и како да работи и соработува. Ферари посветува големо внимание на ова, па новите модели прво им се нудат на лојалните клиенти, додека оние кои на овој или оној начин го валкаат името на Ферари се на црната листа.

Ферари има црна листа на клиенти, поточно сите оние добростоечки поранешни или потенцијални клиенти кои повеќе не можат да купат Ферари.

И семејството Кардашијан неодамна се најде на таа листа. Според „Marca“, неодамна на списокот се појавиле и сестрите Кардашијан, а штом нивното име ќе се појави на списокот, нема враќање назад – ќе мора да купат автомобил од некој друг производител.

Ферари излезе во јавноста коментирајќи ја одлуката. Тие изјавија дека никому ништо не бранат, но го задржуваат правото кому ќе ги понудат своите најексклузивни примероци. Во превод, Ферари е многу внимателен кој и како ги вози неговите болиди.

На црната листа на Ферари се и други познати и богати личности од светскиот шоу бизнис, како Џастин Бибер, Флојд Мејвејдер, Николас Кејџ, раперите 50 центи, Тајга и други славни фаци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …