Home Актуелно 11 мртви меѓу кои и едно дете во руски ракетен напад врз градот Лозова (снимка)

11 мртви меѓу кои и едно дете во руски ракетен напад врз градот Лозова (снимка)

Денеска попладнето украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека 11 лица загинаа при ракетирањето од страна на руските воени сили на градот Лозова, во украинскиот регион Харков.

На снимката која Зеленски ја објави на социјалните мрежи, се гледа објектот и веднаш потоа силната експлозија и облакот од чад што се крева над зградата погодена од проектил.

Зеленски на Фејсбук напиша дека ракетирана била зградата на Домот на културата во Лозова и дека во нападот загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

„Окупаторите ги прогласија културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост”, напиша Зеленски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…