Командантот на баталјонот Азов тврди: Добивме наредба да престанеме со одбрана на Мариупол


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денис Прокопенко, командант на украинскиот ултранационалистички баталјон Азов, ѝ се обрати на јавноста и кажа дека во Азовстал добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасуваат животите на борците.

Според него, сите цивили од Азовстал се евакуирани, а на тешко ранетите војници им е пружена медицинска помош. Тие мора да бидат одведени во област под украинска контрола.

Во тек е вадењето на телата на загинатите бранители на Азовстал, кажа Прокопенко.